GoodPlanetе основана во 2005 г. од Yann Arthus-Bertrand со цел да ја подигне свеста за еколошки прашања и заштита на животната средина. Таа стана официјално призната непрофитабилна организација во јуни 2009 г. Ова признание претставуваше глас на доверба и потврда дека фондацијата може да презема активности на долг рок.
Фондацијата GoodPlanet го поттикнува начинот на живот кој ја почитува Земјата и нејзините жители. Таа го поттикнува секое лице да презема активности и да нуди реални предлози. Фондацијата се потпира на низа програми кои таа ги развива со цел да ја „подигне свеста за животната средина“.
Нејзината универзална порака го поканува секое лице да размислува за еволуцијата на планетата и за тоа што ќе се случи со нејзините жители и да се приклучи кон оваа кауза.
www.goodplanet.org
Оваа веб страница е креирана од фондацијата GoodPlanet со цел секојдневно да ја подига свеста и да ги учи луѓето за животната средина.
Еден од посветените тимови на фондацијата ја иницираше и ја изработи веб страницата и ги обезбеди сите текстови и фотографии: Olivier Blond (Оливер Блонд), Eric Boisteaux (Ерик Боисто), Patrick Oudin (Патрик Один) и Bérénice Tardieu (Беренис Тардие).
Би сакале да му се заблагодариме на тимот од Publicis Net team за креирањето и поставувањето на веб страницата.